Кампања на ДПМ за поддршка на литературата за деца

Од:

На Светскиот ден на литературата за деца, кој се одбележува денеска, Друштвото на писателите на Македонија соопшти дека со кампања овој месец ќе го поддржи  книжевното творештво за најмладите за кое, како што оценува, интересот е се помал.

– Ваквата неповолна ситуација зависи од повеќе фактори, меѓу кои од издавачите, списанијата, библиотеките, но и од самите автори, со оглед на фактот дека има се помалку писатели од поновите генерации кои се јавуваат со дела во оваа област, информира ДПМ.

Поради тоа, на 16 април Друштвото ќе организира трибина на тема „Актуелни аспекти на литературата за деца“, на која ќе учествуваат  наставници по македонски јазик во основните училишта, автори и читатели.

Поетскиот караван на ДПМ на 17 април ќе гостува на Републичкиот детски фестивал „Ракатки“, кој една деценија го води писателката Славка Арсова, членка на македонската писателска асоцијација.  На средбата во Домот на хуманитарни организации „Даре Џабаз“ ќе настапат писателите за деца Драгица Најческа, Есад Бајрам, Стојан Тарапуза, Косара Гочкова и Александар Кујунџиски.

Наредниот ден (18 април) учесниците на фестивалот „Ракатки“ од повеќе градови на Македонија, во ДПМ ќе разговараат за светската литература со група познати автори.

Светскиот ден на литературата за деца се одбележува на 2 април, датумот на кој во 1805 година бил роден данскиот писател за деца Ханс Кристијан Андерсен.

Би можело да ве интересира

Учество на македонски писатели на фестивалот „Словенска слова” во Црна Гора

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска