Како се злоупотребуваат јавните простори – изложба на Гвијанг Хванг и Оливер Мусовиќ во Мобилна галерија

Од:

Утре (7 јули), во 20.30 часот во Мобиланта/Монтажната галерија на Центарот за современи уметности, поставена во Паркот на франкофонијата во Скопје ќе се отвори изложбата „Спорни места“ на корејската уметничка Гвијанг Хванг и македонскиот уметник Оливер Мусовиќ.

Со изложбата „Спорни (Оспорени) места“ уметниците Оливер Мусовиќ и Гвијанг Хванг ги истражуваат просторните политики во специфичните контексти на три града – Скопје, Сеул и Лос Анџелес. Тие се впуштаат во уметничко истражување на забележаните практики и стратегии на употреба и злоупотреба на урбаниот простор и земја – од импровизирани комунални (зеднички) простори, програми за отстранување на улични графити, герила градинарство, па до “urban decay” (урбано пропаѓање), нелегално запоседнување на земјиште и земјишни спорови.

Просторот е понекогаш спорен домен на идентитетот, од личниот, па до колективниот. Преку неговата географија, границите и промените може да се набљудуваат манифестациите на идентитетот, како и екстерните услови на политичката и социјалната борба.

11717101_10207254620299015_1278824197_n

Хванг и Мусовиќ се запознале при минатогодишниот резиденцијален престој на Оливер Мусовиќ во Сеул и ова е нивно прво заедничко преставување. И двајцата ќе престават по две дела, серии од нивната понова продукција.

Гвијанг Хванг е родена 1983 година во Масан, Јужна Кореја. Дипломирала скулптура на Сеулскиот национален универзитет, а магистрирала на Калифорнискиот институт за уметност во 2012. Самостојно изложувала во САД и Јужна Кореја. Праксата на Хванг се состои од теренската работа и перформативни интервенции во урбан пејзаж.

Оливер Мусовиќ дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во 1997 година, а магистрирал во 2004. Досега имал 15-тина самостојни изложби во Македонија и пошироко. Учествувал и на бројни меѓународни изложби на современа уметност во земјата и странство.

Изложбата во Мобилна/Монтажна галерија на Центарот за современи уметности се реализира во рамки на проектот на ЦСУ „Мобилна култура – Солидарни граѓани“, а е подржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го реализира Фондацијата отворено општество – Македонија.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“