На малата сцена во МОБ вечер ќе биде изведена балетската модерна претстава „Јас Исидора“ од Олга Панго.
Либретото, кореографијата и режијата се на Панго, музиката ја напиша Калиопи Букле, за сценографијата и костимографијата се погрижи Благој Мицевски, а солисти се Саша Евтимова, Игор Веланоски, Билјана Пашариковска, Лиле Миленковска Гленски, Билјана Басмаџиева, Марина Георгиевска, Маја Митровска Богојевска и Стефан Кочевски.
Во претставата се опишува животот на американската балерина Исидора Данкан која живее во почетокот на 20 век, и нејзината љубов што ја запознава во Моска големиот руски писател Сергеј Есенин.