Јапонската опера „Ноќен жерав“ ќе гостува во Битола

Од:

Јапонската опера „Ноќен жерав“  в недела ќе гостува во Битола каде во големата сала на НУ Центар за култура, во придружба на оркестарот на МОБ ќе настапат солистите Нобуко Такахаши, Мотохару Аојаги, Јуки Такахаши и Шигеки Мине.

Директорот на Центарот за култура, Борче Димитровски денеска на прес-конференција во Битола, истакна дека гостувањето на јапонската опера во Битола и во Скопје е во чест на јубилејот, 20 години билатерални односи помеѓу Царството Јапонија и Република Македонија.

-Станува збор за несекојдневен настан бидејќи националната опера од Токио за прв пат ќе гостува во Битола. Пред публиката во нашиот град ќе биде изведено делото „Ноќен жерав“ на композиторот Икума Дан, една од најпопуларните и најизведуваните опери во Јапонија и странство, заштитен знак на јапонската традиција во однос на класичната музика. Солистите од Јапонија ќе бидат придружувани од оркестарот на МОБ, а ќе настапи и детскиот хор „Пиколо“ при ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ од Скопје, најави Димитровски.

Концерот на јапонската опера „Ноќен жерав“ ќе се одвива под диригентство на Мазахико Окочи, режисер е Кацухиро Котецу, костимограф Томоказу Кураока, а кореограф Хидео Араи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Успешен настап на Националната опера и балет во Народниот театар во Белград со „Севилскиот берберин“

Ана Ололовска

Традиционален Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ 2023

Ана Ололовска

„Палјачи“ од Руџеро Леонкавало во Национална опера и балет

Во Националната опера и балет ќе се изведе операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи

Горан Наумовски