Јапонците воодушевени од македонската традиционална музика и игра

Од:

 Студентите од универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, при Факултетот за музичка уметност од Катедрата за етнокореологија, заедно со учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, од Насоката за традиционална музика и игра, повеќе од еден месец одржуваат концерти низ Јапонија. Тие досега оддржаа 18 целовечерни концерти.

Публиката со огромно воодушевување ги испраќа од сцените, а куриозитет се случи во градот Осака кога после третиот бис четириесетина фанови се качија на сцената и на младите уметници им делеа поклони и букети цвеќиња.

Концерите се оддржуваат во градовите со најрепрезентативни концертни сали, поточно на сцените каде настапуваат јапонската филхармонија и сите најголеми уметници од Јапонија.

Првите концерти беа во неколку сали во Токио, а потоа следеа градовите Канагава, Нагано, Нагоја, Гифу, Кобе, Осака, Фукуока, Кумамото, Јамагучи, Хамаматсу, Сагамихара, Чиба, Маебаши, Фукушима, а на крајот турнејата завршува со низа концерти во Токио, каде публиката ќе може да ја види уште еднаш македонската традиционална култура и младите уметници.

За време на турнејата се оддржуваат и семинари за возрасни на кои вљубениците на македонската традиција можат да научат ора, песни и да свират на некои од македонските инструменти.

За време на семинарите и концертите публиката има прилика Македонија да ја запознае и преку видео презентации на кои се прикажани етнолошки филмови. Посебно публиката е воодушевена од старата архитектура, која може да се види преку старите фотографии. На семинарите студентите имаа можност да се запознаат и со јапонската традиционална музичка култура. Од страна на домаќините беше организиран курс за изучување на јапонски традиционални инструменти и традиционални игри.

За време на турнејата студентите ги посетија двата најголеми вулкани во Јапонија, Фуџи и Асо.

Враќањето на студентите во Македонија е на 21 март, а дотогаш треба да одржат уште шест концерти во Токио.

Би можело да ве интересира

Нови датуми за Глумците Пеат

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ