Изложбите од Скопје постер фестивалот тргнуваат на пат низ светот

Од:

Четири изложби на дизајнерски дела во рамки, презентации и работилници на светски предавачи беа претставени на 9-тиот „Скопје постер фестивал“ кој заврши денеска, а во изминативе 15 дена се одржа во Музеј на град Скопје.

По затворањето на фестивалот, изложбата на 50-те финалисти ќе биде прикажана на Универзитетот Прат МВА (Pratt MWA) во Њујорк, САД, потоа во Литванија, Грција и Португалија.

На фестивалот, насловен како „Криза на идентитет“, во рамки на главната изложба на плакати од меѓународниот конкурс за плакат, беа изложени дела на студенти од сите континенти, оценувани од страна на петчлена жири комисија составена од меѓународни судии – Мишел Буве (Франција), Фонс Хикман (Германија), Фин Нигард (Данска), Ришард Каја (Полска) и Тони Васиќ (Македонија).

Оваа година, двете главни награди ги добија Мигуел Ангел Рангел од Мексико и Река Немеди Варга од Унгарија. Двете специјални награди од жири комисијата беа доделени на Шујун Лиу од Кина и Дикле Јилдирим од Турција. Почесните признанија ги добија Јуниј Зежун Шан Уанг од САД, Кајли Димик од САД, Лазар Митровиќ од Србија, Инес Филипа да Коста Пимента Кардосо од Португалија, Никола Марфи од Обединетото Кралство и Карол Шчепанкиевич од Полска.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“