Изложбата „Поврзување“ на програмата на Ноќта на музеите во Пловдив

Од:

Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија вечер во рамки на програмата за Ноќта на музеите во Пловдив ќе ја претстави ликовната изложба „Поврзување”.

Во репрезентативниот простор на „Балабановата куќа” со педесетина дела ќе бидат претставени ликовните уметници Маријана Иванова (плакат), Марјан Ѕин (масло на платно), Зоран Мише (графика), Перица Георгиев -Пепси (масло на платно), Иван Стоименов (скулптура), Горан Тричковски (графика), Слободан Милошески (скулптура), Павел Целкоски (графика) и Иво Пецов (масло на платно).

Културно-информативниот центар на Македонија во Софија, Општинскиот институт „Стар Пловдив” и Организацискиот одбор „Пловдив-Европска престолнина на културата 2019″, трета година соработуваат на заеднички проекти, во 2015 година исто така на Ноќта на музеите, а минатата година со проект-изложба по повод Денот на Франција-14 јули.

Изложбата ќе ја претстават и отворат директорот на КИЦ на РМ во Софија Васко Шутаров и Димитрина Петрова од име на Општинскиот институт „Стар Пловдив”.

Проектот е поддржан и од македонското Министерство за култура.

Би можело да ве интересира

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска

Во Кавадарци отворена еко изложба со хуманитарен карактер

А1он

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река