Изложбата од работилниците на деца со аутизам НГ ќе ја прикаже на Фејсбук

Од:

„Пссст… Каменот има нешто да ви каже“ е насловен годинашниот проект со кој Националната галерија го одбележува 2 Април – Меѓународниот ден за подигнување на свеста и борбата со аутизмот.

Во рамките на проектот беа реализирани работилници во текот февруари во Чифте амам, пред да се појави епидемијата од корона вирусот.

Тие беа водени под менторство на едукатор Маја Димитрова, а учествуваа учениците од ДСУРО „Св. Наум Охридски“, ПОУ „Иднина“ и здруженијата за деца со посебни потреби „Имаго плус“ и „Дама ел“.

Секоја година наназад, креациите од работилниците Националната галерија ги претставуваше на изложба со која воедно го одбележуваше и 2 Април, но поради пандемијата оваа година изложбата ќе биде прикажана виртуелно, на фејсбук-страницата: https://www.facebook.com/Nacionalna.galerija.na.Makedonija/?epa=SEARCH_BOX

– Ваквите проекти праќаат порака за повеќе грижа и повисоко ниво на општествена свесност, обезбедување услови за секојдневно функционирање на децата со интелектуална попреченост и нивна културолошко-социјална инклузија, поддржана пред сè на институционално ниво, истакнува Дита Старова Ќерими, директор на Националната галерија.

Во своите годишни програми Галеријата традиционално спроведува проекти наменети за оваа категорија деца, напомнувајќи дека тенденцијата на пораст на аутизмот е факт и токму поради тоа е потребен поголем ангажман, подобар пристап и координација на сите засегнати страни во битката за справување со нарушувањето на психофизичкиот развој кај најмладата популација.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски