Изложбата „Мис Стон: Помеѓу Елен и Автономија“ за Светскиот ден на аудиовизуелното наследство

Од:

По повод 27 Октомври, Светскиот ден на аудиовизуелното наследство, Кинотека на Македонија ќе ја потсети домашната јавност за вредноста и значењето на националното кинематографско наследство, како и за потребата од негово чување и пренесување на идните генерации.

Кинотеката на 30 октомври, во вторник, ќе ги промовира својата нова веб-страница и најновиот број на списанието „Кинопис“, а ќе биде отворена и изложбата „Мис Стон: Помеѓу Елен и Автономија“ по повод 60 годишнината од премиерата на филмот „Мис Стон“ на Жика Митовиќ.

„Твојата приказна во движење“ е годинашното мото под кое, по повод Светскиот ден на аудиовизуелното наследство низ целиот свет се организираат изложби, проекции, предавања и слични настани е

Одбележувањето на Денот го почна УНЕСКО, а потоа го прифатија и презедоа меѓународните тела што обединуваат организации и асоцијации на филмски архиви, музеи и институции што се занимаваат со заштита и чување на аудиовизуленото наследство, предводени од Координативниот совет на здруженијата на аудиовизуелни архиви.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „Вечни тела“ на Жарко Стојчевски и Искра Шукарова

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески