Изложба за современата македонска архитектура во Софија

Од:

Во Културно-информативниот Центар на Македонија во Софија вечер ќе биде отворена изложба насловена „Современа македонска архитектура 1950-1995″ организирана во соработка со Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ). Изложбата е посветена на 25 архитекти, членови на Архитектонската Академија при ААМ.

Архитектонската академија на ААМ е институција во која членуваат архитекти, добитници на наградата за животно дело од областа на архитектурата и градителските вештини „Андреја Дамјанов“. Наградата се доделува еднаш годишно на видни архитекти кои со своето дело, опус и авторитет постигнале врвни резултати во полето на архитектонското проектирање, градителство и урбанизам и со тоа придонеле за афирмација на архитектурата како во Македонија, така и во меѓународни рамки. Наградата а воспоставена во 1989 година.
Изложбата е дел од годишната Програма за 2015 година на КИЦ во Софија, а проектот е поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија.

Би можело да ве интересира

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска

Во Кавадарци отворена еко изложба со хуманитарен карактер

А1он