Изложба „Временски огледи“ во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп

Од:

Тематската изложба на фотографии и документи насловена „Временски огледи“ ќе биде отворена вечер во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Поставката опфаќа бројни црно-бели и колор фотографии од научно-истражвачката работа на Институтот за институцијата, тематски поделени според научното подраче на проучување: археологија, историја на уметност, лингвистика, историја, етнологија и фолклор, како и селектирани фотографии од научните собири, конференции, симпозиуми. Ќе бидат изложени и позначајни документи од основањето на Институтот, но и севкупната издавачка дејност – монографии и периодика.

Изложбата која Институтот за сраословенска култура ја реализира во соработка со ЦК „Макро Цепенков“, е во рамки на манифестацијата „Отворени денови“ на Институт по повод 35 годишниот јубилеј

Претходно во библиотеката „Борка Талески“ ќе биде промовиран „Речникот на странски зборови и изрази од Јанаки Стрезов, од втората половина на 19 век“, во подготовка на д-р Виолета Крстеска, што е најновото издание на Институтот за старословенска култура – Прилеп.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“