Изложба во Археолошки музеј – „40 години од првите археолошки истражувања во неолитската населба Тумба Маџари во Скопје”

Од:

На 11 декември 2018 год. (вторник) во 13.30 часот, во НУ Археолошки музеј на Македонија ќе се одржи отворање на изложбата „40 години од првите археолошки истражувања во неолитската населба Тумба Маџари во Скопје”.
Со оваа изложба воедно се одбележуваат три јубилеи кои се поврзани со локалитетот Тумба Маџари: 80 години од раѓањето на Воислав Санев, првиот истражувач и промотор на овој локалитет, 40 години од почетокот на археолошките истражувања во 1978 год. и 10 години постоење на комплексот „Неолитското село”, како прв музеј под отворено небо во рамките на Тумба Маџари.

Преку презентираниот археолошки материјал во изложбата, НУ Археолошки музеј на Македонија уште еднаш потсетува на големото научно и културно значење на оваа неолитска населба, стара 8.000 години. Изложбата е посветена на сите истражувачи и учесници во археолошките ископувања кои дадоа свој придонес во афирмацијата и промоцијата на Тумба Маџари и неолитската култура ширум светот.

Автор на изложбата е кустос советникот м-р Елена Стојанова Канзурова. Промотор на изложбата е кустос советникот Ирена Настева Колиштркоска.

НУ Археолошки музеј на Македонија ја организира оваа изложба како дел од традиционалната манифестација „Недела на археологијата”, финансирана преку годишната програма на Министерството за култура на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „Вечни тела“ на Жарко Стојчевски и Искра Шукарова

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска