Изложба „Соочување со минатото“

Од:

Центарот за слобода Цивил и Форум – Цивилен мировен сервис вечер во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија ќе организираат изложба  „Соочување со минатото”.

– Изложбата е обид да се придонесе кон општествените напори на современите општества да научат да живеат со минатото и темата да се афирмира во нашата земја, а со тоа да се придонесе кон овие процеси актуелни во интелектуалните, односно научните и уметничките кругови во регионот и во светот, соопштија организаторите.

На изложбата ќе бидат претставени дела од Мирослав Стојановиќ,  Јана Куновска,  Касиопеја Наумовска,  Верица Димеска,  Симонида Филипова Китановска, Дороти Пачкова  Тома Димовски,  Филорета Ахмети,  Лена Цветанова,  Инес Ефремова,  Дијана Богдановска,  Цветанка Јованова Хермес,  Брунилда Первизи,  Јана Јакимовска,  Афрдита Кики,  Генц Троли,  Даница Митиќ, Аријета Селмани,  Џабир Дерала,  Атанас Ботев,  Мирна Арсовска,  Валентин Димановски.

„Соочување со минатото“ се одржа од 13-ти до 19 март 2015 во Струга со уметници од Македонија, Косово и Албанија, во организација на германската организација Форум – Цивилен мировен сервис Македонија и ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Би можело да ве интересира

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска

Во Кавадарци отворена еко изложба со хуманитарен карактер

А1он

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река