Изложба „Сенки“ на академската сликарка Драгица Ристеска-Димитровска

Од:

Во ликовниот салон на хотел „Аполонија“ во Гевгелија е отворена самостојна изложба на слики „Сенки“ од академскиот сликар Драгица Ристеска-Димитровска.

На изложбата се презентираат апстрактни дела изработени во техниките акрил на платно и акрил на тврда подлога, односно дела од последниот циклус на авторката, создадени изминативе две години.

– Целината е инспирирана од безбројни фрагменти, остатоци и сенки што ги пронаоѓав околу себе во секојдневните предмети и објекти што ги спојував и претворав во апстрактни елементи кои потоа ги отсликував на платно како мој автентичен начин на сликарско изразување, рече Ристеска-Димитровска.

Самостојната изложба на академскиот сликар Драгица Ристеска-Димитровска ќе биде отворена седум дена.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „Вечни тела“ на Жарко Стојчевски и Искра Шукарова

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска