Изложба Предизвикано/Создадено во Јавна соба

Од:

Вечерва. со почеток во 20 часот, во просториите на „Јавна Соба” ќе се одржи еднодневната изложба на накит со наслов “Предизвикано/Создадено”. Овој настан го финализира проектот „Дизајн Предизвик“, кој е игра осмислена од страна на дизајнерките Јана Ацевска и Мима Пејоска, со цел поттикнување на креативноста и разигрување на стиловите и техниките во делот на изработка на накит.

Играта на креирање “Дизајн предизвик” започнa со селекција на седуммината најкреативни апликанти. Секој избран учесник доби мал пакет со идентични материјали и алатки како и правила на игра.

12358468_10208318674419703_2057780869_n

Креативците, работејќи во свој личен простор, имаа рок од точно десет дена да изнајдат свое решение за пристап на зададената задача за изработка на најмалку едно парче накит или носливо парче уметност, следејќи ги правилата на игра. Во текот на овој работен период, нивниот процес на размислување, експериментирање и избор на соодветен пристап беше менториран од страна на дизајнерките на накит, Јана Ацевска /www.kapka.mk/ и Мима Пејоска /www.mima.com.mk/ а воедно и документиран на веб страницата www.designtatamata.com.

12386674_10208318655139221_1510331424_n

На изложбата ќе бидат претставени сите дела од авторите: Анита Силановска, Јасмина Главинче, Искра Геразова, Александар Пешевски, Ксенија Котев, Маја Стојковска и WE Jewellery брендот под кои творат Дафина Џепароска и Нита Муча.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“