Изложба „Полска во објективот“ отворена во Куманово

Од:

Во изложбениот салон на кумановскиот центар за култура „Трајко Прокопиев”, синоќа беше отворена изложбата „Полска во објективот“, во организација на македонско-полското културно друштво „Вардар“ и Амбасадата на Република Полска во Македонија.

Изложбената поставка претставува циклус од 40-тина фотографии изработени  од десетина автори кои ги здружува полската фотографска организација Сојузот на полските уметници, фотографи.

– Фотографиите кои се поставени овде не се извадени од некој туристички проспект кои ги повикуваат туристите да ја посетат Полска, туку тие го претставуваат животот на обичниот човек, неговите желби, маки, идеи…Целата колекција повикува на мотото ова е моја земја-мој крај, реално како што ја гледаат Полјаците, вели претседателот на македонско -полското друштво,Јордан Самарџиски.

Станува збор за избор на фотографии од галеријата во Катовице, чии сопственици се членовите на Здружението на полски уметници фотографи, оддел Шлонски. Одделот датира од 1934 година, основан е од познатиот Јузеф Хавличек, а галеријата работи повеќе од 30 години. За тоа време има организирано над 300 изложби на фотографии и тековно, скоро, секој месец,  домаќин е на авторите кои што се издвојуваат со својот творечки ракопис.

– И македонскиот и полскиот човек имаат слични проблеми и потреби,а тоа е потрагата по подобар живот.На оваа изложба нема глумци , оваа се обични луѓе кои се соочуваат одредени ситуации, додава Софија Кристова – Самарџиска од полско-македонското друштво.

Изложбата во центарот за култура ќе биде поставена до крајот на месецот. По Куманово, фотоизложбата „Полска во објективот“ ќе ја видат и љубителите на оваа уметност во Струмица, Прилеп, Битола и Охрид.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“