Изложба „Почеток без крај” на Ана Ивановска и Ангел Миов

Од:

Во Уметничката галерија Куманово вечер ќе биде отворена изложбата „Почеток без крај” на ликовните уметници Ана Ивановска и Ангел Миов во организација на НУ Музеј Куманово и ЗПРУ Кибер Панк Куманово.

Публиката ќе има можност да погледне една несекојдневна форма на ликовен израз кој подразбира амбиентална мултимедијална инсталација, поточно објект поставен на подот од галеријата и видео-арт проектиран на плафонот проследено со звуци.

– Галеријата ги отвора вратите за современите уметници од Македонија.На овој начин и публиката ќе има можност да погледе невообичаена форма на ликовен израз, а и уметниците ќе имаат можност да се презентираат пред кумановската јавност.Ивановска веќе имаше изложба во Галеријата.Двајцата автори се многу активни на меѓународната сцена и сметаме дека е одлична можност да се презентираат пред кумановската јавност, изјави Дејан Ѓорѓиевски, директор на НУ Музеј Куманово.

Ивановска и Миов припаѓаат на младата генерација ликовни уметници кој континуирано работат и се присутни на македонската и светската сцена, се познааваат уште од средно уметничко училиште, студираат во истата класа на ФЛУ каде што и магистрираат, припаѓаат на генерацијатакоја остана компактна и по завршувањето на студиите со отворање на единстената независна културна институција во Македонија Арт И.н.с.т.и.т.у.т.

Ана Ивановска магистрирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на отсек сликарство. Од 2006 година член е на ДЛУМ и еден од основачите на уметничката група и простор Арт И.н.с.т.и.т.у.т (2009) и групата „Моми“ (2012).Реализирала повеќе самостојни и групни изложби во Македонија и странство,добитник е на награди и оставрила бројни уметнички престои во Франција, Австрија.

Ангел Миов е ликовен уметник кој се изразува во повеќе медиуми како инсталација, видеоарт, перформанс, сликарство и фотографија. Од 2012 година предава Акт и цртање на Факултетот за ликовни уметности во Скопјe . Реализирал 12 самостојни изложби. Учествувал на повеќе групни изложби и фестивали како во Македонија, САД, Холандија, Германија, Данска, Босна и Херцеговина, Србија, Франција, Литванија, Израел, Русија и Кина.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи