Изложба „Перуанска Амазонија“ во Археолошки музеј на Македонија

Од:

Во Археолошкиот музеј на Македонија вчеравечер беше отворена патувачката изложба „Перуанска Амазонија“ што се реализира во соработка со Почесниот конзулат на Перу во Македонија и на која беа изложени 60-тина фотографии од 18 автори.

Изложбата во Музејот, што ќе трае до 3 октомври, ја подготвија вработените Елена Рафајловска и Марјан Јагликовски.

– Изложените фотографии ја претставуваат културата на традиционалните амазонски народи, култура која е поинаква од онаа на западната цивилизација. Фотографиите сведочат за животот покрај реката Амазон кој е практично непроменет со векови поради хармоничниот однос на овие заедници со животната средина, велат од Археолошки музеј.

Почесни гости на изложбата беа заменик амбасадорот на Перу во Романија, Карлос Бариос и почесниот конзул на Перу во нашата земја, Ненад Јаничевиќ, врз чија идеја се заснова изложувањето на оваа импресивна збирка пред македонската публика.

По презентирањето во Археолошки музеј, изложбата ќе биде поставена во Уметничката галерија на НУ Музеј Куманово во периодот од 9. до 19 октомври.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски