Во рамките на Прилепското културно лето вечер од 20 часот во галеријата на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложбата на дела од меѓународната ликовна колонија „Лесново 2013“ .
Прилепската публика ќе има можност да види 20 дела создавани на Колонијата од уметници од Бугарија, Романија, Србија и Македонија.
Колонијата ја организира Домот на културата „Злетовска руда“ од Пробиштип. Изложбата е во рамките на соработката на двете културни институции.