Изложба на заборавени книги во Валандово

Од:

Во Домот на културата во Валандово е поставена несекојдневна интересна изложба на одамна недопрени или заборавени книги, кои со децении ниту еднаш не биле позајмени од читателите на градската библиотека.

По избор на библиотекарите, изложени се дваесетина книги од разни жанрови меѓу кои и оригиналното издание на епот Одисеја кој, откако библиотеката го добила во 2008 година, ниту еднаш не стигнал во рацете на валандовските читатели.

– Една од причините поради која можеби овие книги со децении останале недопрени е желбата на валандовчани да читаат полесна литература, односно бестселери и трилери кои се најпопуларни меѓу читателите, велат библиотекарите.

Изложените книги и натаму ќе стојат на библиотечните рафтови и ќе може да се позајмуваат доколку некој покаже интерес за нив.

Би можело да ве интересира

Антолог: 22 дела во вториот круг за наградата „ДРАГИ“ 2024

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска