Изложба на Тања Џипунов во „Матица ексклузив“

Од:

Во Мултимедијалниот центар „Матица ексклузив“ вечер ќе биде отворена изложба на слики од уметницата Тања Џипунов која ќе се претстави со дваесет и пет дела создавани во последните неколку години.

На изложбата ќе бидат претставени слики, акрил во платно во комбинација со природни елементи – дрво, коноп, хартија. Изложбата ќе ја отвори Љупчо Маленко.

„Матица македонска“ со оваа изложба ја продолжува востановената традиција да ги афирмира високите вредности на македонските сликари и уметници. Во изминатите две години во „Матица ексклузив“ беа претставени дела на академските сликари Васко Ташковски, Газанфер Бајрам, Глигор Чемерски, Коле Манев, Владо Георгиевски, Симон Шемов, Павле Кузмановски, Димитар Малиданов, Новица Трајковски, Ниче Василев, Стефан Хаџи-Николов, Драги Хаџи-Николов, скулпторот Илија Аџиевски…

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“