Изложба на стрипови и промоција на публикацијата „Школа за ангажиран стрип“

Од:

Во Младинскиот културен центар вечер, со почеток во 19:30 часот, ќе биде отворена изложба на стрипови и промоција на публикација како завршен настан на Школата за ангажиран стрип.

Проектот Школата за ангажиран стрип (Социјално ангажиран стрип- уметнички практики за општествени промени) е финансиски поддржан од Министерството за култура. Школата за стрип имаше цел да понуди иновативен пристап кон поимањето и потенцијалот на стрипот како медиум низ кој може да се артикулираат релевантни прашања и проблеми во нашето општеството.

Во периодот од април до ноември 2019 година, под раководство на Ѓорѓе Јовановиќ, во рамки на школата се реализираа предавања, работилници, проекции на играни и документарни филмови чиј фокус е стрипот, изработка и поставување стрип постери во јавен простор како и реализација на кратки стрипови.

Учесници на Школата за ангажиран стрип беа : Горица Димовска, Гаја Смилевска, Александар Танчовски, Анастасија Зафировска, Теодор Јуруковски, Јасна Николов, Кристијан Поповски и Делфина Велков. Предавачи на Школата за стрип се истакнати автори од различни области како: Томислав Османли, Славчо Димитров, Жарко Букинац, Далибор Плечиќ и други. Работилниците ги водea ликовните уметници Ѓорѓе Јовановиќ и Владимир Лукаш.

На изложбата ќе бидат претставени селекција од цртежите работени за време на одржувањето на Школата, како и постерите и финалните стрипови што ги изработија учесниците.

Би можело да ве интересира

Македонски автор застапен во српска стрип-антологија

Македонскиот стрип претставен во Букурешт

Ана Ололовска

Македонскиот стрип со изложба во Сомбор

Ана Ололовска

Мултимедијалната патувачка стрип изложба „CAN for Balkans“ доаѓа во Велес

Ана Ололовска

Прогласени победниците на меѓународниот натпревар на историски стрипови „CAN for BALKANS“

Излезе од печат стрип албумот „Бестрашниот“ на Дарко Богданов

А1он