Изложба на странски автори во галерија ОСТЕН

Од:

Автори од Аргентина, Бразил, Канада, Израел, Мексико, Перу, Порторико и САД ќе бидат претставени во рамки на официјалната програма на ОСТЕН биеналето на цртеж –  Скопје 2016, од денеска до 17 месецов во галеријата ОСТЕН.

Посетителите ќе бидат во можност да се запознаат со најновите достигнување на Хуго Енрике Динзелбахер, Рафел Жил, Леонисио Виничиус де Мело Лемос, Дион Рабело, Дејвид Роше, Мати Грунберг,  Сигал Рон, Емилио Караско Гутерес, Хулио Гарај Гутерез, Каролина Салинас де ла Круз, Мартин Гарсија Ривера, Џоан Белмар, Евалин Бојд – Хајнс, Еранди Каранза, Силвија Де Сван, Ирена Гапаковска, Ана Плавинскаја и Медлин Ворис.

– Еклектичните уметнички изрази на овие автори придонесоа за збогатување на Програмата со нови видувања во поглед на оригиналноста во експресијата и разноликоста на стилови кои го потенцираат значењето на ОСТЕН биеналето на Цртеж како глобално афирмирана културна манифестација, соопштуваат од галерија ОСТЕН.

Изложбата може да се посети од 9 до 17 часот  во работни денови и од 10 до 13 часот во сабота.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“