Изложба на стари фотографии и ретки производи на битолските занаетчии

Од:

Регионалната комора на занаетчиите и Здружението на ракотворци од Битола денеска и утре на плоштадот „Магнолија“ ја организираат традиционалната изложба на стари фотографии и ретки занаетчиски производи.

Според Ѓорги Кочовски, претседател на регионалната комора на занаетчиите, традицијата е најдобриот начин да се потсетува на занаетчиството но и да се одржуваат занаетите како врвно мајсторство и заштитен знак на многу битолски семејства.

– Занаетчиството исчезнува но не оди во заборав. Се додека има занаетчии ќе има и занаетчиство, а манифестацијата што ја нудиме на битолчани, но и гостите на градот е токму за тоа, за да потсети на големата традиција бидејќи традицијата е најдобриот начин да се потсетува на занаетчиството, но и да се одржуваат занаетите како врвно мајсторство и заштитен знак на многу битолски фамилии. Потврда за тоа се старите фотографии на занаетчиите од старата битолска чаршија, бројните грнчарски производи, предмети од резба и други разчни изработки од ова поднебје, истакна Кочовски.

На изложбата на стари фотографии и ретки производи се претставуваат околу 20 битолски занаетчии кои како и минатата година учествуваа во рамките на програмата на фестивалот „БитФест“.

Би можело да ве интересира

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска

Во Кавадарци отворена еко изложба со хуманитарен карактер

А1он