Изложба на слики од црквите во Долна Нормандија

Од:

Во Музејот на Град Скопје од денеска до 23-ти овој месец ќе биде поставена изложба на слики од црквите од Долна Нормандија од 16 до 20 век.

Изложбата „Божествена убавина“ се реализира во рамки на проектот „Промоција и конзервација на културното наследство во Македонија и Регионот Нормандија“, кој доби поддршка со Програмата за децентрализирана соработка меѓу Нормандија и Македонија во периодот од 2013 – 2015 година. Овој проект се остварува во рамките на програмата на локален развој на Македонија во областа на заштитата на културното наследство.

Посетителите ќе можат да погледнат избор од 30 најрепрезентативни слики од црквите во Долна Нормандија, како и неколку фотографии од црквите кои биле предмет на истражување, во кои се наоѓале сликите.

Со фотографија и со текст, изложбата ја престставува и методологијата на истражувачкиот проект, прикажувајќи ги сите инволвирани партнери од регионот, улгогата на Дирекцијата за инвентар на културното наследство, улогата на општините,  како и Министерството за култура.

Првиот дел од проектот бил претставување на изложбата  „Свети  места во опатијата Абеи -о- Дам“ во Каен, во Нормандија, организирана од Здружението Македонида во мај годинава. Вториот  дел од проектот се состои во претставување на изложбата „Божествена убавина“ во Скопје. Изложбата е резултат на догогодишен истражувачки проект воден од Дирекцијата за инвентар и заштита на културното наследство на регионот Нормандија.

Целта на проектот, како што велат организаторите, е да се  истражи, вреднува, заштити  и презентира малку познатото богатство – уметничките слики во парохиските цркви во Долна Нормандија од периодот од 16 до 20 век, со акцент на 17, 18 и 19 век. Околу 3.000 уметнички слики биле инвенторирани во рамки на проектот, кој траел од 2007 до 2014 година.  Притоа биле откриени голем број информации и детали за повеќе уметнички слики, а се потврдило авторството на неколку значајни дела на доста познати сликари како фламанскиот сликар Мартен вон Хемсерк и Италијанецот Фанциско Сурбабан.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“