Изложба на ракотворби од Кина

Од:

По повод одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Република Македонија и Народна Република Кина, денеска во просториите на Националната галерија (Мала станица) ќе биде отворена изложба на ракотворби од кинеската област Чианг.

Изложбата е резултат на духовната и на културната рехабилитација, а секој експонат е рачно навезан од девојките од малцинството Чианг во регионот Венчуан.

Во изминатиот период, во рамките на програмските активности за одбележување на двете децении билатерални врски меѓу двете земји, оркестарот на Централниот музички конзерваториум од Пекинг одржа концерт во Македонската опера и балет.

На отворањето на изложбата ќе се обрати претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

 

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ