Изложба на претседателите на ДЛУМ во галерискиот простор „Арт Хаб“

Од:

Со изложба на дела од досегашните претседатели на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) на 13 ноември, на вториот кат во Градскиот трговски центар, ќе биде отворен новиот галериски простор „Арт Хаб“(Art Hub) – уметнички центар.

Претседателот на ДЛУМ, Филип Фидановски на денешната прес-конференција наведе дека на изложбата ќе бидат изложени дваесет дела, посочувајќи дека изложбата симболично ќе биде отворена на 13 ноември – Денот на ослободувањето на Скопје.

– На градот му требааат урбани простори, му требаат уметнички галерии, му требаат културни настани. За жал во градот се помалку има такви настани. Токму затоа симболично го одбравме 13 ноември за да ја отвориме оваа изложба. Изложбата ќе биде дел од годинешната програма на Град Скопје за одбележување на Денот на ослободувањето, истакна Фидановски.

Посочи дека уметничкиот центар не е во сопственост на ДЛУМ, но дека Друштвото склучило договор со кој 120 денови во годината бесплатно може да го користи галерискиот простор за неговите активности.

– ДЛУМ тука ќе организира дел од своите програмски активности. Со „ЕКСИМА ДООЕЛ“, сопственикот на просторот, склучивме договор за заемна соработка, ќе го нудиме просторот, тука ќе организираме изложби, рече Фидановски.

ДЛУМ постои речиси 75 години, но нема сопствен галериски простор, иако со години се обидува да го добие од државата.

Би можело да ве интересира

Скопски урбани приказни – во 5 и 17

(ВИДЕО) Пендаровски: ДЛУМ останува да биде едно од најзначајните јадра на културните политики

Ана Ололовска

Јубилејна изложба на ДЛУМ по повод 75 години од основањето

Изложба „Мал формат“ 2020 на ДЛУМ

Ана Ололовска

Отворена „Годишната изложба“ на ДЛУМ

Ана Ололовска

Изложба „ДЛУМ нова генерација на млади“ во Арт Хаб

Ана Ололовска