Изложба на осум ликовни уметници во КИЦ

Од:

Во рамки на „Скопско лето“, вечерва, во 21 часот, во КИЦ, ќе биде отворена изложбата „ФЕМИНА 8“ во организација на ДЛУМ, куратор на изложбата е Јана Манева Чупоска.

„Изложбата „Femina 8“ именува осум носители на уметнички записи: Трујкановиќ, Паскали, Кировска, Вренцовска, Милованчев, Томиќ Радеска, Петрушевска, Манева – Чупоска, како метафори на разграничувања на неколку нивоа, започнувајќи од минато, сегашно, идно, актуелно, автореферентно, имагинарно време.

femina8

Ликовните искуствени и уметникови записи во оваа изложба се екстремно емотивни и сугерираат дефинирани лични одговори, прашања, состојби, дилеми, но сугерираат и поставени одговори и прашања кои наметнуваат нови состојби, дилеми и чувства.
Начинот на кој се дефинираат самите себе, авторите на оваа изложба, упатува на автореферентност, сопствено уметничко делување, наметнувајќи суштински прашања и одговори, поврзани со „Фемина“, пишува во текстот за оваа изложба

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“