Изложба на основните училишта од Скопје во Чифте амам

Од:

Годишна изложба на основните училишта од градот Скопје ќе биде отворена денеска во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам.

Учениците во соработка со ликовните педагози од основните училишта, работеа дела на конкретна тема – акварел. На изложбата ќе бидат изложени најкреативните и најинтересните дела од младите уметници во завршна изложба со дела изработени во акварелна техника. Изложбата е со натреварувачки карактер за да се зголеми мотивацијата и интересот на учениците.

Со изложбата Националната галерија на Македонија се залага за стимулирање на ликовната уметност во воспитно-образовниот процес во училиштата и презентирање во јавноста на индивидуалните и групните творби на најмладата популација од основните училишта во градот Скопје.

Организатор на изложбата е Маја Димитрова, едукатор во Националната галерија на Македонија.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“