Изложба на охридски килими од 19 век

Од:

Традиционални килими изработени во Охрид што датираат од втората половина на 19 век ќе бидат изложени во рамки на поставката „Софрата“ што од утре ќе биде отворена во Куќата на Робевци во Охрид.

Станува збор за изложба на килими во сопственост на побогатите христијански семејства во Охрид, а биле и своевиден статусен симбол за сопственикот во тогашното општество. Тие се дел од охридската традиција, поставени како на подовите така и на ѕидовите во охридските куќи.

Она што е карактеристично за охридските килими е што се рачно ткаени на хоризонтален разбој, со техника на мазно двонитно ткаење, еднакво за лицето и опачината, а орнаментите се изведени рачно, со прсти и набиени со брдо.

Мотивите прикажани на самите килими го потврдуваат големото влијание на ориенталната култура, што е најзабалежлива во шарите. Главен материјал користен за нивна изработка е пакумот или конопот за основата, додека волната е материјалот за јатокот. Охридските килими според своите украси и шари јасно се разликуваат од оние избработени во другите килимарски центри како во Македонија така и во регионот, што е потврда на нивната оригиналност и посебност.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „Вечни тела“ на Жарко Стојчевски и Искра Шукарова

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска