Изложба на Наташа Милованчев во Виена

Од:

Во Изложбаниот салон на Амбасадата на Република Македонија во Виена е отворена изложба на  сликарката Наташа Милованчев, со наслов „Бивајќи атмосфера – предели“. Со поддршка од Министерството за култура и од Амбасадата на РМ, изложбата беше отворена вчеравечер и ќе трае до 19 јули.

На изложбата се претставени слики и колажи кои Милованчев, професор на Архитектонскиот факултет на Скопскиот универзитет, ги изработила од 2007 до 2013 година. За изложбата е подготвен и каталог со осврт кон делата наречен „Просторини етиди“ од историчарката на уметност Конча Пиркоска.

– Бројната публика што присуствуваше на отворањето топло ги прифати „стилските и временски амалгамираните преоди од апстрактнен експресионизам во геометриска апстракција во делата на Милованчев, како и „пределите, кои стилски и бинарно се артикулираат и синхронизирано се манифестираат интерно-екстерно“. Милованчев досега излагала на сопствени и групни изложби во Македонија, Бугарија, Словенија, Хрватска, Србија, Франција, Германија, Холандија и Шпанија, а ова е прво нејзино претставување пред виенската публика, соопшти Амбасадата на РМ во Виена.

Настанот го отвори и за авторката и нејзиното творештво говореше амбасадорот на РМ во Австрија Ѓорѓи Филипов, кому особено му оставиле впечаток „компарациите и совпаѓањата  на музичките и сликарските тонови, изразени во графизмите, дизајнот и колоритот“ на сликите и колажите.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „Вечни тела“ на Жарко Стојчевски и Искра Шукарова

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска