Изложба на Мулти Култи по повод Меѓународниот ден на човекови права

Од:

Мулти Култи, денеска по повод Меѓународниот ден на човековите права, организираше изложба во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“ на која посетителите имаа можност да разгледаат видеа, фотографии, колажи и да проследат театарски перформанси реализирани од средношколци од Куманово.

– Овој настан е именуван CUBE: THE EXHIBITION, значи изложба која ги презентира сите продукти кои што ги добивме од работилниците за средношколци. Се одржаа вкупно четири работилници за мотивација, за стрип, театар и за екологија на кои учествуваа 60-тина средношколци од сите средни училишта од градот кои твореа на различни теми, изјави Александра Михајловска, координатор на проектот.

Во рамките на работилниците средношколците од различни етнички заедници и профили имаа можност да учат и да се запознаваат меѓусебе, но и да се се забавуваат и дружат.

Изложбата и работилниците се дел од проектот „МultiКулти Social Youth Service“ финансиран од УНДП.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“