Изложба на минијатури на Валентина Илијевска

Од:

Самостојна изложба на минијатури на Валентина Илијевска вечер ќе биде отворена во Галеријата „КО-РА“, во Домот на култура „Кочо Рацин“ – Скопје.

Изложбата е по повод Светскиот ден на уметноста – 15 Април. Изложбата е поддржана од Град Скопје и од Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје во рамки на годишната програма за визуелни уметности, дизајн и архитектура.

Валентина Илијевска е реставратор и конзерватор, активно ангажирана во бројни проекти, а од 2014 година работи на црковните објекти во Кумановско-осоговска епархија, како конзерватор и реставратор, во Одделот за заштита на културното наследство.

Средно образование завршила во ДСУПУ „Лазар Личеноски“- Скопје, а дипломирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје. Во 2014 година магистрира на конзервација и реставрација на ѕидното сликарство во класата на проф. Благоја Кузмановски. Учествувала на неколку групни изложби и ликовни работилници. Добитничка е на неколку награди, признанија и дипломи.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“