Изложба на Коњовиќ во Чифте амам

Од:

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, вечерва ќе се отвори изложба на Милан Коњовиќ, еден од уметниците кои оставиле битно влијание на тековите на поранешното југословенско сликарство на дваесетиот век.

Својот творечки опус го започнува во текот на втората деценија на минатиот век, а го завршува на почетокот на деведесетите години, поточно 1993 година, кога починува во својот Сомбор.

Коњовиќ во некои кардинални моменти во поранешното југословенско сликарство се појавува со творештво кое антиципира, инаугурира и ги потврдува особеностите на доаѓачките трендови во уметноста. По прелудијските остварувања во манирот на импресионизмот и посимпресионизмот, својот сликарски концепт го продолжил со рационалистички пристап кон бојата и формата, доспевајќи меѓу првите во поранешното југословенско сликарство до кубизмот, подоцна инсистирал на колоризмот и експресионизмот кој ќе стане одбележје на севкупното негово творештво.

Изложбата се реализира во соработка со Галерија Коњовиќ од Сомбор и Завод-Музеј Штип.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“