Изложба на „Конекција“ во Благоевград

Од:

Дела на седуммина македонски ликовни уметници вклучени во проектот „Конекција“ од денеска ќе бидат претставени на изложба на Југозападниот универзитет „Неофит Рилски” во Благоевград,

Таа е втора од серијата ликовни изложби на Зоран Мише и Павел Целкоски од Охрид, Иво Пецов и Соња Димитрова од Виница, Горан Тричковски од Делчево, Зоран Георгиев од Гевгелија и Иван Стоименов од Скопје. Со поддршка на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија овие млади автори во август имаа успешна изложба во Велико Трново.

Авторите, кои работат во различни ликовни техники – од графика, масло на платно, текстил, скулптура, инсталации, пред две години се обединија во проектот „Конекција” и се претставија на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија во јули 2012 година на изложба која имала бројни посетители.

– Тоа беше повод КИЦ на РМ повторно да го актуелизира овој концепт и да продолжи со организација на ликовни настани со оваа неформална група од талентирани и креативни ликовни уметници кои дипломираа на Академијата за ликовни уметности во Софија и во моментов живеат и работат во Бугарија, информира македонскиот КИЦ.

Изложбата во Благоевград ќе може да се посети до 1 декември, а  денеска попладне ќе ја отворат директорот на КИЦ на РМ Васко Шутаров и професорот Румен Дешев од Факултетот за уметности на Југозападниот универзитет во Благоевград.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „Вечни тела“ на Жарко Стојчевски и Искра Шукарова

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска