Изложба на Киро Урдин во Букурешт

Од:

По неодамнешниот успешен настап во галеријата „Амадлози ” на Африканскиот центар за културно наследство во Мајами во Флорида, со изложбата „Предци”, македонскиот мултимедијален уметник Киро Урдин ќе се претстави во Букурешт.

Во еминентната галерија „Константин Бранкуши”, сместена во Центарот за конференции во импозантната зграда на Романскиот парламент, нашиот уметник ќе се претстави со нова поставка на изложбата „Табула Раса”, на површина од блиску 600 квадратни метри. На два мониторa во галеријата, посетителите ќе можат да ги проследат документатните филмови на Урдин, „Планетариум” и „Табула Раса”.

Изложбата, која ќе биде отворена за Денот на Републиката, 2 Август, и ќе трае до 31 август, финансиски е поддржана од Министерството за култура на Северна Македонија, медиумски спонзор е каналот „ТВ Културал” на Романската национална телевизија, а помагатели се нашата амбасада во Букурешт, „Пивара” Скопје, винаријата „Попова Кула” и „Меана”, Букурешт.

Куратор на изложбата е историчарката на уметност Марика Теохаревска, а комесар на проектот е историчарот на уметност Јане Теохаревски.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „Вечни тела“ на Жарко Стојчевски и Искра Шукарова

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска