Изложба на графика во КО-РА

Од:

Во Галеријата КО-РА вечер биде отворено 32-тото издание на изложбата „ДЛУМ Графика“ – проект на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).

На изложбата со свои дела ќе се претстават македонски графичари, членови на ДЛУМ, а целта е промовирање на графичката ликовна сцена во Македонија.

Покрај традиционалната награда за најдобро ликовно графичко остварување, ДЛУМ првпат оваа година ќе додели и награда за најдобар млад автор – графичар. Двајцата победници ќе добијат парична награда, а најдоброто ликовно графичко остварување ќе биде наградено во форма на организирање самостојна изложба од страна на ДЛУМ.

Спорд организаторот традиционалните техники на високиот и длабокиот печат, како и денес зголемената и честа употреба на дигиталното печатење ја прават оваа манифестација значајна за ликовната култура во Македонија. Еднакво на сите досегашни изложби и 32-то издание изобилува со современи размислувања, кои, пренесени на графички лист го носат печатот на времето.

Овогодинешното издание „ДЛУМ Графика“ е прва изложба која е реализирана од новото Управно тело на ДЛУМ.  – ДЛУМ работи интензивно на развојот и динамизирањето на активностите зацртани во програмата за работа. Изложбата на графичари ја поставуваме и оваа година – традиционално, со идеја таа да ја преточиме во меѓународно издание од идната година, изјави Христијан Санев, претседател на ДЛУМ.

Изложбата „ДЛУМ Графика“ ќе биде отворено до 8 јуни 2015 година.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“