Изложба на Глигор Чемерски во Белград

Од:

Во Српската Академија на Науките и Уметностите во Белград денеска ќе биде отворена изложбата „Случувања и знаци на земајта македонска“ на Глигор Чемерски.

Глигор Чемерски го заврши својот богат и раскошен опус, повлекувајќи ги последните потези на делото за светиот воин со блескаво златен штит врз темнозелената заднина, но неговата творечка авантура и делата на овој голем сликар секогаш ќе зборуваат за неговиот поттикнувачки немир и за неговата бујна имагинација.

Со углед на класик и со репутација на македонски, но и париски сликар, Чемерски ревносно и со огромно количество страст му го отстапи својот живот на сликарството.

Како едно од водечките сликарски имиња во Југоисточна Европа, тој го стави својот личен влог, сиот свој талент и фанатична определба за создавање дела со јасен личен печат, покажувајќи го својот персоналитет и силната индивидуа, својот пат и своите пораки.

Изложбата на репрезентативната колекција на дела од различни периоди од творештвото на овој слоевит творец ќе биде отворена во салонот на Српската академија на науките и уметностите, на 18 мај во Белград, и ќе трае до 19 јуни.

Поздравен говор ќе одржат академикот Владимир С. Костиќ, претседател на САНУ, и академикот Влада Урошевиќ, а на отворањето на изложбата ќе присуствуваат и академикот Луан Старова, потпретседател на САНУ, и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“