Изложба на фотографии „Од Константинопол до Истанбул“

Од:

Во Национална Уметничка Галерија кај Мала Станица во Скопје од денеска до 30 Март ќе биде претставена Збирката на фотографии за Босфорот од средината на 19. век до 20.век, насловена „Од Константинопол до Истанбул“.

Изложбата, органиизирана во склоп на проектот „Меѓукултурен уметнички дијалог Турција-Балканскиот Полуостров“ во соработка со Пера Музејот на Фондацијата на Суна и Инан Крач, Истанбулското Здружение за меѓукултурна уметничка соработка ИКАДС и Институтот Јунус Емре е подржана од Националната Комисија на УНЕСКО на Турција.

Изложбата „Од Константинопол до Истанбул“ која го претставува некогашниот Истанбул со грандиозните објекти, секојдневниот живот и интересните личности е  подготвена од Колекцијата на Фотографии на Фондот Суна и Инан Крач. Изложбата под кураторство на М. Синан Геним ги претставува делата на мајсторите на фотографијата од тоа време.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“