Изложба на фотографии од Алек Билбилоски

Од:

Во центарот „Јавна соба“ вечер ќе биде отворена изложбата „Деновите на Тетрис“ на Алек Билбилоски.

Изложбата е вешто осмислена компилација на фотографии регистрирани со аналоген фотоапарат, каде што во претставените интимни ситуации, едни се покогнитивни и се истовремено општествено прифатливи, додека оние кои се разликуваат, не се посакувани или се сметаат за крајно провокативни.

– Бимбилоски, кој моментално живее и работи во Охрид, живеејќи во светски културни центри како Париз, Њујорк и Истанбул, успева да ги отслика миговите и животот на поединци во една субкултура, во едно поранешно време кое со својата оригиналност е предвесник и е од суштинско значење за развитокот на културните моменти и денешната субкултура којашто е делумно прифатена. Во исто време авторот ја задржува и врската со своите корени во Македонија и преку одредени симболики компарира и поттикнува дебата и буди спомени, велат од Центарот „Јавна соба“.

Алек Бимбилоски има објавувано фотографии на групните изложби „Модерна Турција“ – Petit Palais Paris, „Сонот и градот” – Центар на Модерна Уметност Le Blanc Mesnil, „Борба”- Antwerp, како и за списанијата „L’Officiel“ – Париз, „Jalouse”- Париз, „Vogue”-Италија и “Flaunt”- Њујорк.

Центарот „Јавна соба“ е отворен секој ден од 9 до 24 часот, а влезот за посетителите е бесплатен.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“