Изложба на фотографии на Стефан Шашков во Њујорк

Од:

Во Њујорк, во MC Gallery е поставена изложба на фотографии од Стефан Шашков „Насловена „Напуштените храмови“.
 
Станува збор за 24 фотографии направени во 2014 година, во селата во велешкиот регион, под водство на Дарко Николовски, советник конзерватор во Републичкиот завод за заштита на спомениците, кој воедно е и куратор на постановката. 

Осврт за фотографиите напишаа владиката канадско-американски Методија Златанов, професорот на Харвард Ханс Гугенхајм и сликарот Александар Станковски.
 
Дел од фотографиите се веќе во сопственост на Лори Андерсон, Проект Гугенхајм, Чарлс Линч & Џули Бордо и Антони Ансаров.
 
Постановката во Њујорк е отворена на 29 јануари, а ќе биде изложена до 7 февруари. Реализирана е со помош на Министерството за култура на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“