Во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје вечер ќе биде отворена најновата изложба на Филип Фидановски насловена „Причина“.
Делата за оваа изложба се направени во 2017 година, а дел годинава во повеќе различни техники, дигитален принт, фотографија, керамика, принт на платно. На изложбата ќе бидат прикажани 13 дела со различна димензија, дел се триптих, полиптих и комбинирани инсталации.
Филип Фидановски е роден во Скопје во 1977 година, а дипломирал во 2002 година на одделот за керамика и магистрира во 2006 година на Националната уметничка академија во Софија.
Во периодот од 2003-2008 година работи како доцент на Факултетот за ликовни уметности при универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје. Од 2008 година е професор во Државното средно училиште за ликовни уметности и дизајн „Лазар Личеноски“ во Скопје.
Од 1995-2015 година учествува на 43 групни изложби во Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Белгија, Египет. Учествува и на голем број уметнички симпозиуми во Македонија и странство.