Изложба на Душан Перчинков во галеријата „Остен“

Од:

Во галеријата „Остен“ утре напладне ќе биде отворена изложба на наградени дела на Душан Перчинков (1939) – сликар, графичар и професор на Академијата за ликовни уметници во Скопје.

Percinkov_Dizajn na nekrolog

Делата ќе бидат претставени во три целини: „Предел” – циклус од пет цртежи – носител на награда од жири за високи уметнички достигнувања на „Остен“ на Биеналето на цртеж Скопје 2014; „Дизајн на некролог” – графичка мапа од шест листа, наградена со Специјална награда од жири на Интернационалното биенале на графика Варна во  2013 и „Тест III” – графичка мапа од 6 листа.

Перчинков е најзначаен претставник на геометриското сликарство и еден од најавтентичните уметници во Македонија. Темелно ги истражува односите меѓу урбаниот и природниот свет. Неговите слики, графики и објекти ја третираат бојата од најниските до највисоките тонови.

????????????????????????????????????

Академија за ликовни уметности, оддел сликарство, завршил во 1963 во Белград, каде што специјализирал на одделот сликарство во 1966 година.  Во периодот од 1966 до 1969 година создавал како слободен уметник и професор во основни училишта. Од 1972 година бил асистент во кабинетот за ликовно образование при Архитектонскиот факултет во Скопје, а во 1980 преминал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, каде работи како професор по цртање и сликање.

Percinkov_Predel

Перчинков со графика се занимава активно уште од 1973, додека од 1980 почнал да се изразува и преку уметнички објекти.

Изложбата на негови дела во галеријата на „Остен“ ќе биде отворена за посетители до 23 август 2015.

Би можело да ве интересира

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи