Изложба на Дороти Пачкова во Софија

Од:

Изложбата „Љубов меѓу мајка и син“ од ликовната уметница Дороти Пачкова вчера вечер е отворена во Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија.

Пред публиката изложени се 12 дела кои ја симболизираат отворената интерактивна комуникација меѓу ликовната уметница и нејзиниот четиригодишен син.

Изложбата ја отвори директорот на Центарот во Софија Васко Шутаров, а присутните родители и деца беа поканети да учествуваат во создавањето ликовни дела.

Ова е прво самостојно претставување на Дороти Пачкова во Софија, а проектот е дел од Годишната програма на Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија, поддржан од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“