Изложба на дела од корисниците во дневните центри „Порака“

Од:

На Факултетот за ликовна уметност, во Сули ан во Старата скопска чаршија, денеска напладне ќе биде отворена изложба на графики изработени од корисниците на дневните центри „Порака“ Скопје, со поддршка на студенти и професори од ФЛУ.

Изложбата е насловена „Ликот на нашиот свет“ и ќе биде отворена дo 13 мај. Ја организираат Факултетот за ликовна уметност – отсек графика, и Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“.

– Целта на изложбата е да се презентираат и да се истакнат можностите и потенцијалите на лицата со интелектуална попреченост. Тоа воедно придонесува и за директно влијание во разбивањето на предрасудите што постојано ги следат овие лица, соопштија организаторите.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“