Изложба на дела од колонијата „Љубанци 2014“ во општина Бутел

Од:

Ликовна изложба на дела од четвртата ликовна колонија „Љубанци 2014“ ќе биде отворена вечер во општина Бутел. Ќе бидат изложени 33 дела од 15 автори, од кои 29 уметнички слики и четири скулптури.

Автори на делата се Данчо Ордев, Владимир Темков, Драган Најденовски, Мирослав Славковиќ, Владимир Лазоски, Анкица Влашиќ, Џејљан Реџепи, како и гостите од Србија и Бугарија, Владан Ранѓеловиќ и Сава Савов.

На изложбата ќе биде промовиран и новиот каталог во кој се претставени авторите и делата од колонијата „Љубанци 2014“, што се одржа од 15 до 22 јуни минатата година во Љубанци. Изложбата ќе биде отворена до 21 мај.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“