Изложба на дела од Борислав Траиковски во Софија

Од:

Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија вечер ќе биде отворена изложба на дела од Борислав Траиковски, организирана во соработка со Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј од Штип и со поддршка од Министерството за култура.

Изложбата ќе ја отворат директорот ан КИЦ на РМ во Софија Васко Шутаров и Зоран Читкушев, директор на Музејот од Штип, а за посетители ќе биде отворена до  28 октомври.

Борислав Траиковски (1917-1996) е сликар и педагог кој се вбројува меѓу првите дипломирани ликовни уметници во Република Македонија. Заедно со Корубин и Лозановски бил еден од првите македонски студенти што во 1951 година дипломирале на Академијата за ликовни уметности во Белград.

– Забележано е дека за време на студиите бил во различна класа на професори, поради што честопати доаѓал и во конфликт, во однос на слободата на изразот и начинот на сликање со Ѓорѓе Андреевиќ-Кун, Љубица Сокиќ, Коста Хакман, Иван Табаковиќ…. Како член на ДЛУМ, бил на студиско патување во Италија, а како стипендист, и на студиски престој во Париз во 1961 година. Траиковски се смета за еден од основоположниците на современиот ликовен живот во Македонија, бил прв претседател на ДЛУБ и најзначаен член на групата ВДИСТ. Има остварено многубројни самостојни и групни изложби во Македонија и странство, соопштија организаторите.

Дела од творештвото на Траиковски се дел и во многубројни приватни колекции, а друг дел се наоѓа во музејски колекции во Македонија и надвор од неа. Целиот свој живот и работен век го поминал во Битола. За уметничките постигања има добиено државни награди и награди на Општина Битола.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“