Изложба на дела од Борислав Траиковски во КИЦ во Софија

Од:

Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија вчера вечер беше отворена ликовна изложба на македонскиот ликовен уметник Борислав Траиковски.

На изложбата се претставени 22 портрети работени во различна техника во периодот од 1940 до 1996 година, односно до смртта на авторот.

Изложбата ќе може да се види до 28 октомври, а за отворена ја прогласија директорот на КИЦ на Република Македонија во Софија, Васко Шутаров и директорот на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј Штип, Зоран Читкушев.

Организатори на изложбата се КИЦ на Република Македонија во Софија и Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј Штип.

Борислав Траиковски е роден во Битола и тој е еден од доајените на македонското ликовно творештво. Има организирано повеќе самостојни изложби во државата, но и во Париз, Лондон, Белград, Загреб, Брадфорд. Во негова чест, Друштвото на ликовни уметници на Битола ја доделува годишната награда „Борислав Траиковски“ за најдобро дело на годишна изложба.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“