Изложба на дела на Остеновите уметници

Од:

Во изложбениот салон на Македонската академија на науките и уметностите вечер ќе биде отворена изложбата на дела создадени од Остеновите уметници на годината во периодот од 2012 до 2015.

Секоја година, „ОСТЕН уметност на хартија“ прогласува 12 македонски уметници за Остенови уметници. Се покануваат уметниците од различни возрасни категории, разчлични стилови на уметничко делување, од различни делови на Македонија – но она што е обединувачко за уметниците на ОСТЕН е цртежот со ист формат: 110 х 190 см, кој според правилникот на манифестацијата треба да го направи секој од нив.

Меѓу 12-те уметници од тековната година, се доделуваат награда за животно дело, за остенов уметник на годината и млад уметник ма годината – до 40 години.

– Основната идеја е да воспоставиме манифестација преку која на македонските уметници ќе им оддадеме почит за успешно завршената професионална година. Со тоа сакаме да покажеме дека ги следиме случувањата на македонската сцена на визуелните уметности во целост, како и активностите на уметниците поединечно, истакнуваат од ОСТЕН Скопје.

Би можело да ве интересира

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска

Во Кавадарци отворена еко изложба со хуманитарен карактер

А1он

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река