Изложба на црногорската уметница Милена Мијовиќ-Дурутовиќ

Од:

По повод Денот на државноста на Црна Гора, вечер во Музеј на Град Скопје, во рамки на фестивалот  „Скопско лето, ќе биде отворена изложба на црногорската уметница Милена Мијовиќ-Дурутовиќ, организирана во соработка со Заедницата на Црногорците во Македонија.

Мијовиќ-Дурутовиќ (Цетиње, 1971) дипломирала во 1994 на Факултетот за ликовни уметности во Цетиње, гарфички оддел, а продолжила на постдипломски студии на ФЛУ во Белград, во класата на проф. Мило Грозданица. Од 1994 е член на УЛУЦГ.  Во 1999 година била на студиски престој во Cite International Des Arts во Париз.

Имала повеќе самостојни изложби и учествувала во групни претставувања во Црна Гора и во странство. Нејзини дела се наоѓаат во колекциите на Народниот музеј во Цетиње, Центарот за современи уметности на Црна Гора во Подгорица, во колекцијата на галеријата „Хаос“ во Белград и во многу други приватни збирки. Од 1996 година е кустос во Центарот за современи уметности на Црна Гора.

– Во фокусот на уметничките истражувања на авторката се најдлабоки и најосетливи душевно-мисловни процеси. Добро однегуван и препознатлив ликовен ракопис, авторката овие сложени процеси ги трансформира, визуелизира во редуцирани знакови и симболи, оптоварени со универзални значења. Делата се ослободени од традиционалните функции на дискрецијата, но и модернистичка автономност на сликата. Наместо тоа, авторката на сликите со монументална форма инвестира во други арбитражни значења, како што се симбиоза, енергија и движење, пишува во каталогот за изложбата.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“